Оружје
Важни информации
За носењето на оружје и соодветна муниција при влез од државите на Европската унија во Австрија или обратно, потребно е поседување на европска дозвола за носење на оружје, во којашто се внесени податоците за оружјето, како и дозволата за носење.
Под носењето на оружје и муниција се подразбира нивното носење, односно личен транспорт во рамките на патувањето. Патници со живеалиште во Австрија, а се од држави кои не се членки на Европската унија, смеат да внесат оружје кое подлежи на издавање дозвола (пиштоли, репетирни пушки и полуавтоматски пучки) и муниција за истото само во случај кога на царината можат да покажат дозвола за носење на оружје или потврда, дека оружјето е во нивна сопственост.
Патници со живеачиште надвор од Австрија мора да поседуваат дозвола за поседување на оружје согласно чл. 39 од австрискиот Закон за оружје. Барање за добивање на дозвола за носење на оружје и муниција може да биде поднесено директно од страна на барателот во надлежниот орган во странство (единица на локалната или сојузна полиција) или кај надлежната амбасада. Амбасадата ќе го проследи барањето, заедно со европската дозвола за носење на оружје на барателот, до надлежниот орган во Австрија. Месната надлежност се одредува според местото, каде што барателот има намера да престојува или, во случај на транзит, согласно граничниот премин.
Ве молиме обрнете внимание дека увозот на одреден вид на оружје (нпр. pumpguns) е генерално забранет.
Дозволи не се потребни:
- За ловци, со поседување до три пушки, освен пиштоли, и соодветна муниција, и
- Лица коишто спортски се занимаваат со пукање, до три пушки и соодветна муниција,
доколку тоа оружје е внесено во Европската дозвола за носење на оружје во една од државите на нивното живеалиште и лицето може да потврди, дека причината на патувањето е ловот или спортска манифестација.
На странските шефови на држави, членови на влади, лица во нивен ранг и лицата во нивна придружба во функција на лична заштита, дозволата им се издава на граничниот премин или во службата за оружје во прва инстанца.
