Сезонци
Понатамошни информации и важни упатства за сезонски работници

- ЖитоСлика: Австриска државна агенц
Заради отпочнување на привремена самостојна дејност, привремена несамостојна дејност или дејност, за чиешто извршување е потребна работна дозвола согласно чл. 5 од Законот за вработување на странци, од страна на Австриските амбасади се издава тип на визи ДЦ (престој-патување), со времетраење од 6 месеци.
Времето на обработката на барањето трае, зависно од сезоната, од еден до три работни дена.
При поднесување на барањето за виза треба да бидат доставени следните документи во оригинал:
- Формулар-барање за виза, целосно пополнето и потпишано лично од барателот
- 2 понови фотографии
- Потврда за работа/ потврда за вработување од страна на работодавецот (во копија)
- Работна дозвола на австриското биро за вработуивање (AMS - Arbeitsmarktservice)
- Патничко осигурување кое го покрива бараниот период на патувањето односно престојот, на минимален износ на покриеноста на трошоците од 30.000 €, со важење за „Шенгенските држави“, со важење за 1 недела од почетокот на патувањето!
Понатамошни информации и важни упатства за сезонски работници:
- Потврда од страна на Австриската агенција за вработување (AMS)
- Носители на македонски, југословенски, српски или УНМИК пасош имаат можност да поднесат 2 барања:
- Барање за добивање на Д-виза (која се издава за времетраење на престојот согласно работната дозвола во Австрија). Такса за обработка на визата изнесува 75,- €.
- Барање за добивање на Ц-виза (за патување во и враќање од територијата на Шенген-државите). Таксата за обработка на визата изнесува 35,- €.
- И двете барања треба да бидат поднесени истовремено, при што треба да се пополнат 2 барања за издавање на Шенген виза (види точка 1/1). Севкупниот износ на таксата е 110,- €.
- Доколку патувањето во и враќањето од Австрија е со авионски превоз, доволно е поднесувањето на барањето само за Д-виза.
- Носители на пасош на Република Косово можат да поднесат барање само за Д-виза (која се издава за времетраењето на престојот согласно работната дозвола во Австрија). Таксата за обработка на визата изнесува 75,- €.
- Здравствено осигурување (види точка 1), со времетраење од една недела од почетокот на патувањето.
