Возачи (шофери) на камиони и автобуси
Потребни документи
- Целосно пополнето барање-формулар за виза со внесување на вистински податоци, и кое мора да биде потпишано лично од барателот на виза
- 2 понови фотографии за пасош во боја согласно прописите на ICAO
- Просторно и временски важечки пасош (пасошот мора да биде со важност минимум три месеци подолго од барањата виза)
- 1 копија од пасошот на барателот на визата (страницата со личните податоци, како и поранешни Шенген визи)
- Возачка дозвола (оригинал и копија)
- Потврда за редовен работен однос во фирмата која ја поседува дозволата (оригинал и копија на потврда од Заводот а вработување, формуларот М1/М2)
- Дозвола за меѓународен сообраќај, од, до или низ Австрија (потврда за контингент или ЦЕМТ дозвола)
- Потврда за местото на утовар/истовар во Австрија (нпр. потврда од австриската фирма или ЦМР)
Возачите на автобус мора да достават:
- Концесија или дозвола за повремен сообраќај гогласно чл. 11 (оригинал и копија)
- Патничко здравствено осигурување кое го покрива бараниот период на патувањето односно престојот, на минимален износ на покриеноста на трошоците ид 30.000 € за сите Шенген држави.
- Визите се бесплатни
Доколку амбасадата, и покрај поднесување на горенаведените документи, има сомневања во врска со вистинската причина на патувањето, го задржува првото, барателот на виза да го покани на интервју, при што на барателот ќе му биде дадена можност, во тој момент да достави дополнителни документи.
Амбасадата замолува да не се доставуваат ниту оригинали на документите ниту факсови или други потврди, освен ако амбасадата посебно не ги побара. Горенаведените документи треба да се достават при личното поднесување на барањето за виза.
Амбасадата посочува дека сите административни работи во врска со издавањето на виза се целосно покриени со таксата за обработка на виза и дека издавањето на барањата-формулари е бесплатно. Ве молмие целосно да го пополните формуларот, бидејќи при евентуалната поправка на предметот може да се продолжи постапката на обработка.
Ве молиме, при планирањето на патувањето да го земете во предвид времето на обработка на барањето (во моментов тоа време изнесува една календарска недела).
Согласно австриското законодавство за странци се бара, меѓу друго, и „отвореност и искреност во постапката“. Од таа причина, амбасадата не може да издава виза врз основа на пријателска покана заради услуга. Доколку главната цел на патувањето е друга Шенген-држава, а не Австрија, барањето ќе биде одбиено, бидејќи претставништвото на таа држава е надлежно за издавањето на визата (чл. 12 став 2 од Шенгенскиот договор).
