Преселба во Австрија
Важни информации

- Австриско знаме (пред Собранието)Слика: Австриска државна агенц
Лица коишто живеат надвор од Европската унија и се преселуваат во Австрија, можат во рамките на преселбата со себе да ги понесат следните користени предмети без плаќање на давачки:
- Прибор за домаќинство
- Велосипеди, автомобилски гуми, автомобили
- Прехрамбени залихи за домаќинство (во количини потребни за лична употреба)
- Домашни животни и животни за јавање (внимание: ветеринарски прописи)
- Преносливи инструменти за уметнички и занаетчиски потреби заради извршување на дејноста
Во оваа група не се опфатени:
Алкохолни производи
- Тутун и тутунски производи
- Користени возила
- Користени предмети
Предуслов за горе наведеното е, австрискиот државјанин да живеел една година во странство, и работите за преселба да се во негова сопственост веќе шест месеци. Подетални информации и рокови се дадени на веб-страницата на австриското Сојузно Mинистерство за финансии
Како доказ за живеалиште во Австрија и за претходоното 12-месечно живеалиште во странство, доаѓаат во предвид сите соодветни доказни средства, посебно:
- Странски потрврди за пријава, односно одјава, на живеалиште
- Потврда за пријава на живеалиште во Австрија
- Договор за работа
- Договор за изнајмување на стан
