Престој
Постапка
Барања за престој треба да се поднесат во Конзуларното одделение на Австриката Амбасада со предходно закажување на термин. Доколку барателот е лице под старателство и не е во можност/состојба сам да го поднесе барањето, истото треба да биде поднесено од страна на неговиот законски претставник (нпр. кај малолетни лица или лица под старателство).
Амбасадата го проверува барањето на точност и целост, ги заверува податоците и го проследува барањето на обработка до надлежната австриска Покраинска влада.
Доколку барањето не ги исполнува условите или не е платена конзуларната такса, амбасадата на барателот му издава таканаречен налог за поправка којшто има за цел да ги отстрани недостатоците. Доколку налогот за поправка по истек на дадениот рок не се исполни, амбасадата има право, без понатамошно известување, да ја прекине постапката.
Одлуката на надлежната австриска Покраинска влада треба да се чека во странство
Конзуларна такса
При поднесување на барањето, следните конзуларни такси треба да се платат во готово:
50€ до навршување на 18. година од животот
80€ по навршување на 18. година од животот
Закажување на термин
За поднесување на барањето потребно е претходно задолжително закажување на термин.
Термините сега можат само лично да се закажат од самиот барател на виза, и тоа од понеделник до петок од 14:00 до 15:00 часот, директно во конзуларното одделение на амбасадата. Притоа само имајте ја Вашата важечка патна исправа како и копија од страната со податоците.
Дополнителни информации
Опсежни информации на темата постојан и привремен престој како и потребните апликации можете да ги најдете на веб-страниците: Bundesministeriums für Inneres и Migrationsplattform der österreichischen Bundesregierung.

