Совети
Преглед

- Повелбата Остарихи од 996 годинаСлика: OEW
Ве молиме изберете ја информација која Ви е потребна од наведената понуда на информации!
Давање услуги на австриски државјани е една од главните задачи на Австриската амбасада во Скопје – задача која ние многу сериозна ја сфаќаме.
На следните страници, на корисниците на нашата веб-страница им нудиме широка палета на информации: Од информации за патување во држава по Ваш избор (вклучувајќи ги и евентуалните предупрадувања во врска со патувањето), до сите адреси на австриски амбасади и конзулати во странство.
Во рубриката „Совети“ Ви ги подготвивме конзуларните информации, кои лесно можете да ги најдете на веб-страницата.
Работните задачи на австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи се движат од информаци за патување за Австријци кои живеат во странство, од губење на пасош во странство, до посвојување на деца, од заверка на странски документи до виза и престој.
Тимот на одделението за правни и конзуларни работи при австриското Сојузно Министерство за надворешни работи (одделение IV), како и сите колеги и колешки во австриските претставништва во странство, се обидуваат, брзо и ефикасно да помогнат околу решавањето на прашањата и проблемите на австриските државјани.
На телефонскиот број за услуги на граѓани 050 11 50/ локал 4411, можете 24 часа дневно да се јавите во австриското Сојузно Министерство за надворешни работи (за повици од странство треба да се бира следниот број: 0043 50 11 50/ локал 4411).
Одговори на најчесто поставените прашања можат да се најдат под насловот „Совети“:
Австриската брошура со многу информации и можности за симнување на формулари од интернет можете да ги најдете тука.
