Преглед на актуелни теми и важни настани
Добредојдовте на веб-страницата на Австриската амбасада Скопје
На оваа веб-страница ќе најдете информации за политиката, културата и медиумите. Во рубриката „Водич" ќе најдете детални информации за конзуларните работи како што се визи, престој, з за австрискита државјани за државјанство, пасошит учество на изборите, итн.
Tema
Укинување на визи за носители на биометриски македонски пасоши од 19.12.2009
Информации за укинувањето на визи ќе ги најдете тука. Ве молиме обрнете внимание дека само носители на биометриски (црвени) македонски пасоши можат да влезат без виза во Шенген-зоната.
За носителите на сини пасоши и понатаму постои обврска за вадење на виза. Во случај на контрола при влез, и понатаму треба да се докаже дека патникот располага со доволно финансиски средства, да поседува здравствено осигурување (кое важи за целата Шенген-зона) и доказ за смештај.
ВНИМАНИЕ: Доколку се планира престој во Австрија подолг од 3 месеци, и носители на биометриски пасоши ќе мора да поднесат барање за виза Д или за престој.
Издавање на Шенген визи за државјаните на Косово од 01.01.2010 од страна на Швајцарската амбасада во Приштина:
Од 01 јануари 2010 година Швајцарската амбасада во Приштина ќе започне со издавање на Шенген визи (виза Ц) и за државјаните на Косово кои ќе патуваат во Австрија. Контакт - информации на Швајцарската амбасада можете да ги најдете тука. Барањата за престој и виза Д и понатаму, со претходно закажување на термин, треба да се поднесуваат во Австриската амбасада во Скопје.


