Амбасадата
Добредојдовте на веб-страницата на Австриската амбасада Скопје

- Австриска амбасада СкопјеСлика: Австриска амбасада Скоп
Ме радува што отсекогаш односите меѓу Австрија и Македонија се многу пријателски. Нашите две земји тесно се поврзани преку личните, но и културните и економските контакти. Имам намера, во наредните години, и јас да придонесам кон понатамошниот развој на тие пријателски односи.
И веб-страницата на Австриската амбасада Скопје треба да придонесе кон развојот на нашите билатерални односи. Тука ќе најдете информации за и од Австрија на полето на политиката, културата, економијата и туризмот. Освен тоа, ќе можете да ги добиете и основните информации за поднесување на барањата за визи за патување во Австрија како и информации за Австријци кои живеат во Македонија.
Се надевам дека нашата веб-страница ќе Ви помогне во врска со Вашите најважни прашања. Понатамошни информации во врска со австриската надворешна политика ќе можете да ги најдете на веб-страницата на Австриското Сојузно Министерство за европски и меѓународни работи.
За прашања и предлози Ви стоиме на располагање на следната E-Mail адреса: skopje-ob(at)bmeia.gv.at
Др. Томас-Михаел Бајер
Австриски Амбасадор во Македонија
