Економија
Трговското одделение при Австриската амбасада

- Лого на австриската Стопанска комораСлика: Аустриан трејд
Austriantrade, организација за надворешна трговија на Стопанската комора на Австрија (WKO)
Austriantrade е официјален претставник на австриското стопанство во странство и со тоа и најголем понудувач на услуги на полето на надворешната трговија. Со мрежа од над 100 канцеларии за стопанска соработка во 70 држави, Austriantrade има единственна можност да ги советува и упатува австриските претпријатија. Канцелариите за надворешна трговија им помагаат на австриските претпријатија да создадат нови деловни контакти, но и да ги зацврстат постоечките. Тие исто така воспоставуваат контакти меѓу продавачи и потенцијалните застапници, увозници и други можни партнери.
Понатаму, тие можат да извршат проверка на бонитетот и да дадат поддршка во врска со пазарот и при пријавување на патент. Канцелариите за стопанска соработка се и мост за меѓународни претпријатија за изнаоѓање на првокласни партнери во Австрија. Austriantrade претставува високо ниво на отвореност и интернационалност, поврзано со сеопфатна мрежа на локални контакти во Австрија. Тие предности овозможуваат брзи и комплетни одговори на сите Вaши барања и адекватни решенија за Вашите проблеми.
Информации за настани, објавувања и деловни можности на Канцеларијата за надворешна трговија Скопје можете да ги добиете на следната адреса:
Канцеларија за надворешна трговија Белград – Филијала Скопје
Раководител: м-р Анита БАУДАЖ
ул. Максим Горки 1
1000 Скопје
Тел: 00389 (2) 3109 232 и 3131 969
Факс: 00389 (2) 3131 968
E-Mail: skopje(at)austriantrade.org
