Социјални работи
Труд, социјални работи и заштита на потрошувачи -Канцеларијата на аташето за социјални работи
Аташето за социјални работи е официјален претставник на Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите (BMASK) во Македонија. Седиштето е во Загреб, но има и канцеларија при Австриската амбасада во Скопје.
Главната дејност е трансферот на know-how на полето на трудот, социјалните работи и заштита на потрошувачите, воспоставувањето на мрежна соработка со европските и меѓународните институции и невладини организации во земјата, советување и поддршка во поединечни случаеви, како и составување на социјално-политички извештаи. Освен тоа дава и поддршка при подготовката и спроведувањето на билатералните, европските и меѓународните проекти на Австриското Сојузно Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачите, со цел јакнење и подигање на нивото на европскиот социјален модел во Македонија.
Раководител: М-р Геро ШТУЛЕР, аташе за социјални работи
Канцеларија (Скопје): Г-ѓа Јулијана Николовска
Канцеларија (Загреб): Г-ѓа Тања Курспахиќ
Контакт:
Австриска амбасада во Загреб
Канцеларијата на аташето за социјални работи
Петрова 120/1
ХР-10000 Загреб
Телефон/факс: 00385 1 2302 187
E-Mail: gero.stuller(at)bmask.gv.at
или
Австриска амбасада во Скопје
Канцеларијата на аташето за социјални работи
Миле Попјорданов 8
МК - 1000 Скопје
Телефон: 00389 (0)72 257 697
E-Mail: julijananikolovska(at)t-home.mk
Австриско Сојузно Министерство за труд, социјални работи и заштита на потрошувачи
