Култура, образование и наука
Активности на полето на културата на Австриската амбасада

- Споменикот на Моцарт во Бурггартен, ВиенаСлика: Австриска државна агенц
Полето на културата претставува една од главните дејности на Австриската амбасада Скопје. Во центарот на вниманието се поддршката на културната размена меѓу Австрија и Македонија и негувањето на контактите меѓу Министерствата за култура како и културните дејци, музеи, галерии и медиумите на земјата-домаќин.
Во минатите две сгодини Австриската амбасада во Скопје поддржа околу 40 културни проекти од полето на музиката, литературата, сликарството и филмот. Повеќе информации за важните настани во културната програма на амбасадата можете да ги најдете во нашиот календар за настаните. Повеќе инфромации во врска со културната програма на Австриската амбасада Скопје можете да добиете на следната E-Mail адреса: ana.misevska(at)bmeia.gv.at
Австриски стипендии за странски додипломски студии,
дипломирани студенти и научници во лето 2009,
односно во студиската година 2009/2010 – конкурс
Австриското Сојузно Министерство за наука и истражување известува дека за студиската година 2009/2010 се ставаат на располагање стипендии за додипломски студии, дипломирани студенти и научници. Конкурсот за стипендии повеќе не се објавува во форма на брошури, туку преку австриската банка на податоци за стипендии и поддршка на истражувања.
(на германски и англиски јазик). Тука, освен за стипендиите на Австриското Сојузно Министерство за наука и истражување можете да добиете и информации за студиските програми на другите институции.
Врз база на позитивните искуства во претходниот циклус на поднесување пријави, со конкурсот за стипендии за студиската година 2009/2010 задолжително е поднесување на барањата за стипендии во електронска форма.
Програмата за стипендијата Franz Werfel се одвива, вклучувајќи го и последователното менторство, како и досега.
Стипендијата Ernst Mach се состои од два програмски делови:
- а) Стипендии Ernst Mach - во целиот свет – времетраењето на стипендијата се продолжува, сега може да изнесува и до девет месеци. Таа програма се отвора за дополнителна таргет-група, имено за млади универзитетски апсолвенти, коишто се насочуваат кон научна кариера, но (сеуште) немаат врска со универзитети и се стекнале со една од титулите м-р, дипл. инг., мастер, д-р и научен докторат, максимално 30 месеци пред започнувањето на стипендијата.
- б) Стипендии Ernst Mach за студенти надвор од Европа за студии во рамките на мастер-студии на австриски стручни високообразовни институции.
Програмата за стипендии Richard Plaschka е насочена кон млади предавачи на универзитети на полето на историските науки, коишто тежиштето на науката и истражувањето го ставаат на австриската историја. Пријавувањето се врши задолжително преку електронски пат.
На веб-страницата на Австриската служба за размена исто така ќе најдете информации за можностите за студирање на австриските универзитети како и за образовните програми на Европска унија.
Австрија во рамките на наставата по германски јазик во целиот свет
Информациите за активностите и понудата на Австриското Сојузно Министерство за настава, уметност и кулутра на полето на културата и јазикот можете да ги најдете тука.
Координатор за образование – k-education

- Универзитет СалцбургСлика: Австриска државна агенц
По налог и со поддршка на австриското Сојузно Министерство за настава, уметност и култура и на KulturKontakt Austria, проектната канцеларија на k-education во Скопје ја поддржува соработката меѓу Македонија и Австрија на полето на училишното образование.
Проектната канцеларија во Скопје, во соработка со македонското Министерство за образование, спроведува билатерални и мултилатерални проекти во врска со реформата во училиштата и модернизацијата на образовните системи, посебно во стручните училишта.
Понатамошни информации можете да добиете на веб-страницата на k-education.
Австриските координатори за образование раководат со канцелариите на k-education во 11 држави и со билатералните и мултилатералните проекти во врска со училишните реформи и модернизацијата на образовните системи.
Од 1992 година, по налог и со поддршка на австриското Сојузно Министерство за настава, уметност и култура и KulturKontakt Austria, во централните образовни институции во Средна, Источна и Јужна Европа основани се 11 проектни канцеларии на k-education, со коишто раководат австриските координатори за образование.
Тие канцеларии ги координираат и имплементираат проектите на австриските и меѓународните донатори на полето на училишното образование, на пример во рамките на Пактот за стабилност за Југоисточна Европа, и иницираат проекти на Европската унија. При тоа соработуваат со австриски образовни институции и иницијативи, бројни партнери во земјата-домаќин (министерства, педагошки институти, универзитети, виши школи, работнички универзитети, училишта, фондации, НВОи) и меѓународни организации.
Проектните канцеларии работат во рамките на сеопфатна мрежа и на проекти кои ги надминуваат границите на една држава и се регионално и меѓународно активни.
Освен развојот, изведувањето и раководењето со проектите кои се насочени кон потребите и барањата на секоја земја-партнер, координаторите за образование работат и како посредници на разновидни култури и институции. Тие нудат совети, информации и услуги и работат со јавноста.
Координаторите како претставници на австриското Својузно Министерство за настава, уметност и култура и на KulturKontakt Austria, учествуваат на разни манифестации и извршуваат задачи како што се менаџирање на проекти, модерирање, мониторинг и консалтинг.
Понатамошни информации:
